
За нас
заедно со Phonak
Phonak гради долгорочни партнерства
SLUH 1
Фонак е присутен во Северна Македонија преку својот локален партнер за дистрибуција СЛУХ 1 ДОО.
СЛУХ 1 е трговско друштво за промет и изработка на ортопедски слушни помагала, генерален застапник за Фонак за Северна Македонија. Основано е во 1994 година од страна на прим. д-р Љубомир Прокопиев и од тогаш неговата главна цел е насочена кон проблематиката на слухот и оштетувањето на слухот.
Тимот на специјалисти во СЛУХ 1 имаат огромно искуство стекнато низ годините, но и преку редовните обуки и усовршувања директно во седиштето на Фонак во Швајцарија. Со целосна доверба во високотехнолошките достигнувања на Фонак, СЛУХ 1 овозможува овој најквалитетен производител на слушни помагала да биде присутен и на македонскиот пазар.
Главната премиса на СЛУХ 1 е секогаш да се стреми кон постојано подобрување и понуда на најсофистицирани можности за луѓето со оштетен слух. Како и градење долга и лојална комуникација со своите клиенти, преку максималната грижа за нив и за нивниот слух.

Експерти за слух во ваша близина
Специјалистите за слушни помагала можат да ви помогнат да го направите вистинскиот избор. Тие ќе ги земат предвид вашите потреби за слушање, буџетот, начинот на живот и индивидуалните преференции.