
Разбирање во училница
Подобрено слушање и разбирање во училница прави позитивна разлика во образованието на вашето дете
Активно учество во модерната училница
За сите деца, особено оние кои имаат потешкотии со слушањето, важно е добро да слушаат на училиште. Училниците се динамично место за интеракција и учење. За да учествува целосно, секое дете треба да го слуша не само наставникот, туку и соучениците и мултимедијалните уреди во училницата. Со Roger за образование има решение за секоја ситуација.
Модерната училница е составена од многу елементи кои создаваат динамично учење. Од
однос помеѓу врсниците, предавања па се до активности кои вклучуваат различни форми на мултимедијалност, тоа е место
дизајнирано за студенти и наставниците да учествуваат, се ангажираат, дискутираат и навистина да комуницираат.
Со цел да се остане во чекор со брзото менувањето на средините за учење, портфолиото на Roger за образование нуди
различни интуитивни и лесни за користење решенија, специјално дизајнирани за секој час. Студенти и наставници
сега имаат можност да совладаат различни активности во училница со леснотија.



Автоматски режим на микрофон
Целосно автоматските поставки за микрофон овозможуваат оптимална употреба со минимална интервенција од страна на студентите или наставниците. Правиот режим на микрофон автоматски се избира врз основа на ориентацијата на уредот. Ова го прави лесно за користење на дневна основа за наставници и студенти.
Интуитивни светла за индикација
Roger има светлосен концепт на индикатор низ уредите кој е јасно видлив и лесно разбирлив од страна на учениците и наставниците. Светлата за идникација го потврдуваат оперативниот статус на секој уред, дали е вклучен, исклучен, се полни, е на без звук или се користи со повеќе луѓе кои зборуваат во мрежа.
Поврзување со еден допир
Поврзувањето на микрофони и приемници никогаш не било полесно. Едноставно позиционирајте го Roger Touchscreen Mic блиску до приемникот или друг Roger уред и допрете „Connect“.
Портфолиото на Roger за образование SoundField
Со сеопфатно портфолио, вклучувајќи голем број на Roger микрофони и звучници, предизвиците за слушање во училницата може да се надминат. Децата можат едноставно да учат – и наставниците да предаваат – без ограничувања.


Експерти за слух во ваша близина
Специјалистите за слушни помагала можат да ви помогнат да го направите вистинскиот избор. Тие ќе ги земат предвид вашите потреби за слушање, буџетот, начинот на живот и индивидуалните преференции.