Педијатриски решенија - Phonak - Macedonia

Откријте го слухот на вашето дете

Педијатриски решенија за слух за секоја возраст

Решенија за слух за деца и тинејџери

Секое дете е уникатно, а такви се и нивните потреби за слушање. Со широкиот спектар на слушни помагала Phonak и додатоци за безжична комуникација, постојат решенија за секоја возраст на дете.

Пристапот до зборови и разговори е од суштинско значење за развојот на децата и тинејџерите. Разговорите со саканите — на вечера, во паркот, во автомобилот — се меѓу најважните сегменти во обликувањето на развојот на говорот и јазикот.

Изградбата на јазично богата средина за деца со оштетен слух значи зголемување на секоја можност за интеракција, затоа слушните помагала за деца дизајнирани да се носат удобно во текот на целиот ден им помагаат на децата и тинејџерите со оштетен слух да го зголемат обемот на интеракциите преку можноста „служи и врати“ достапна за нив преку проток од постојано менувачки ситуации.

Бебиња и деца

За оваа возрасна група, важно е да се обезбеди стимулација на слухот и детето да ги носи своите слушни помагала колку што е можно повеќе. Децата обично носат слушни помагала зад увото бидејќи тие обезбедуваат најдобра удобност, стабилност и безбедност за оваа возрасна група.

Проверка на слухот за деца

Слухот може да се тестира кај новороденче кратко по раѓањето. Колку побрзо се открие губење на слухот, толку подобро, бидејќи соодветната интервенција е многу важна за развојот на говорот и јазикот на вашето дете.

Mom and daughter
Kids

Деца на училишна возраст

Децата на оваа возраст почнуваат да бидат по независни и се изложени на покомплексни комуникациски ситуации. Постојат безжични комуникациски алатки со кои, на вашето дете, ќе му биде овозможено полесно да разбере што зборува наставникот или да ве слушне кога го повикувате. Можноста за избор на различни комбинации на бои го прават носењето на слушно помагало да биде позабавно за за вашето дете.

Тинејџери

Вашиот тинејџер сака да биде како секој друг тинејџер: да се занимава со спорт, да слуша музика, да се дружи со пријатели, да ја покаже својата уникатност преку мода или стилови на коса итн. Вашиот тинејџер може да го направи сето ова благодарение на безжичните додатоци кои ги поврзуваат слушните апарати со mp3-плеерот, мобилниот, таблетот или ТВ. Слушањето на тренерот или пријателите, дури и на далечина или во бучни средини, ќе биде лесно.

Teenagers

Запознајте се со Roger за образование

Многу ситуации можат да претставуваат предизвик за слушање, така што понекогаш дури и најнапредната технологија за слушни помагала има потреба од поттик. Со нашите безжични додатоци, вашето дете може полесно да комуницира и да се поврзе со денешната аудио технологија, како што се паметни телефони, Bluetooth® уреди, MP3 плеери и телевизори.

Прочитајте повеќе за Roger за образование

Експерти за слух во ваша близина

Специјалистите за слушни помагала можат да ви помогнат да го направите вистинскиот избор. Тие ќе ги земат предвид вашите потреби за слушање, буџетот, начинот на живот и индивидуалните преференции.