Посетете експерт за слух - Phonak - Macedonia
HCP fitting a Client

Вашата прва средба со експерт за слух.

Редовните тестови за слух ви помагаат при рано препознавање на губењето на слухот.
Кога последен пат сте го тестирале вашиот слух?

Што да очекувате

Веројатно веќе сте се запрашале што ќе се случи за време на консултацијата со експерт. Дозволете ни да ве смириме и да ви појасниме за тоа што можете да очекувате на вашиот прв преглед.

1. Планирајте доволно време

Вашата прва посета ќе трае околу еден час. Ако сакате, можете да побарате роднина или пријател да ве придружува. Многу луѓе се чувствуваат посигурно на тој начин. Ако има проблеми со комуникацијата, имањето на пријателска придружба е особено корисно.

2. Ушен преглед

Аудиологот, техничарот за слушни помагала или специјалистот за ОРЛ ќе ги прегледа вашите уши. Ова преставува проверка за прекумерена ушна маст или инфекции на увото.

3. Тест за слух

По прегледот, аудиологот, техничарот за слушни помагала или специјалистот за ОРЛ ќе направи тест за слух. Ќе ви бидат дадени слушалки и експертот ќе пушти секвенца на тонови, некои од овие тонови ќе бидат гласни и лесни за слушање, а некои ќе бидат тивки и малку потешки за слушање. Единственото нешто што треба да направите е да го известите експертот или да притиснете копче кога ќе слушнете тон. По прегледот и тестот за слух, експертот ќе може да ви каже повеќе за вашиот слух и оштетувањето на слухот.

4. Избор на решенија за слух

На крајот од консултацијата, експертот ќе ги објасни сите опции достапни за вас и вашето оштетување на слухот. Ќе ви биде прикажан избор на слушни помагала кои се соодветни за вашето оштетување на слухот. Ќе ви бидат објаснети разликите и предностите на производите.

Сега е добро време да ги поставите сите прашања што можеби ги имате и да му дадете на експертот што е можно повеќе информации. Колку повеќе знае за вас, толку подобра помош ќе добиете. Затоа, пред да дојдете на вашиот преглед, е препорачливо да размислите за ситуации каде што имате потешкотии со слухот (за време на семејни собири, за време на состаноци, во гласни средини, додека гледате ТВ, разговарате на телефон, слушате музика итн.).

СЛЕДЕН ЧЕКОР:

Прилагодување на вашето ново слушно помагало

Phonak е глобален лидер во развојот на решенија за слух. Со нашите континуирани напори да најдеме нови решенија, успеваме да ги постигнеме највисоките стапки на иновации во индустријата.

Дознајте повеќе за слушните помагала Phonak

Phonak  слушните помагала се прилагодливи за да одговараат на вашите потреби, сепак тие треба да бидат оптимизирани за да се осигурате дека прилагодувањето е добро, без оглед на вашата локација.

Запознајте се повеќе со можностите за прилагодување на слушни апарати

Експерти за слух во близина на вас

Специјалистите за слушни помагала можат да ви помогнат да го направите вистинскиот избор. Тие ќе ги земат предвид вашите потреби за слушање, буџетот, начинот на живот и индивидуалните преференции.